(ВИДЕО) Рустеми: Не ме викнале на распит за надзорот на „Бехтел и Енка“, стојам на располагање на обвинителството

Од:

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција уште нема го нема повикано директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми на распит, иако претходно од таму најавија дека сите инволвирани во изборот на надзорот на работата на автопатите на „Бехтел и Енка“ ќе бидат повикани да дадат исказ. Рустеми, кој е потписник на договорот „ИРД Инженеринг“ да биде надзор, во интервју за А1он вели дека ќе соработуваат со обвинителството и дека кога ќе го повикаат, тој ќе отиде на распит.

„Ако не повикаат на распит, ние сме подготвени да одиме на распит, бидејќи целата процедура за надзорот е спроведена согласно Законот за јавни набавки. Јас сум подготвен во секој момент ако имам покана да се јавам и се што имаме досега, целокупната документација е кај нив, се што имаме како барање ние ќе одговориме позитивно“, вели Рустеми.

Целото интервју со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта гледајте го утре во 10:30 часот на А1он.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев: Терористот треба да сфати дека нема веќе играчки со Левица, ќе бидеме порадикални

Александар Тодески

Левица: Молк за скандалозниот оглас на ,,Бехтел и Енка” за северномакедонски јазик

(ВИДЕО) Ристовски: „Северна“ ќе ја избришеме со изјава за ништовност, не мора да има уставни измени

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ристовски: Преку ботови не нападнаа за брзата железница, таа сега се прави во Србија

(ВИДЕО) Марковски: ВМРО-ДПМНЕ на клучни позиции носи лица кои не се членови, ќе бидам независен кандидат за претседател

(ВИДЕО) Марковски: Ми пречи што покажуваме непријателство кон Русија