Нацрт-договор меѓу САД и Иран: Отворање на Ормускиот теснец, укинување санкции и ограничување на нуклеарната програма

Од:

Висок ирански функционер откри детали од нацрт-меморандумот за разбирање што Техеран и Вашингтон го финализираат, а кој би можел да отвори пат за поширок договор за иранската нуклеарна програма, укинување на санкциите и намалување на тензиите во регионот.

Според информациите објавени од „Ројтерс“, документот предвидува повторно отворање на Ормускиот теснец за комерцијален поморски сообраќај, додека САД би започнале со укинување на поморската блокада на иранските пристаништа во рок од 30 дена.

Во нацртот се наведува и дека Вашингтон нема да воведува нови санкции додека траат преговорите, а по постигнување конечен договор би следувало постепено укинување на американските и санкциите на Обединетите нации. Предвидено е и ослободување на 25 милијарди долари замрзнати ирански средства.

Во делот за нуклеарната програма, Иран би се обврзал дека нема да произведува ниту да набавува нуклеарно оружје, како и дека нема дополнително да го збогатува ураниумот додека траат преговорите.

Според нацртот, конечниот договор би требало да биде испреговаран во рок од 60 дена по потпишувањето на меморандумот.

Засега ниту Вашингтон ниту Техеран официјално не ги потврдија деталите од документот.

Би можело да ве интересира

ЕУ планира технолошки фонд од 50 милијарди евра за да ја намали зависноста од САД и Кина

Горан Наумовски

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Украина: Руските напади може да се случат во секој момент

Горан Наумовски

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови