САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Украина: Руските напади може да се случат во секој момент

Од:

Американската амбасада во Украина објави предупредување до своите државјани да не патуваат во Украина поради руските напади, наведувајќи дека „нападите може да се случат во секој момент“, пренесува „Европска правда“, повикувајќи се на предупредувањето издадено од амбасадата.

Во безбедносното предупредување се наведува дека Стејт департментот ги потсетува американските државјани дека не треба да патуваат во Украина поради руско-украинската војна.

„Руските ракетни и беспилотни напади продолжуваат да ги погодуваат сите делови на Украина, а нападите може да се случат во секој момент, со мало или без никакво предупредување“, се наведува во соопштението.

Исто така, се истакнува дека на мажите на возраст од 23 до 60 години кои имаат украинско државјанство „може да не им биде дозволено да ја напуштат земјата“, што се однесува и на лицата со двојно државјанство.

Амбасадата ги повика Американците кои се наоѓаат во Украина да ги активираат известувањата во мобилната апликација за предупредувања од воздушни напади, да проверат каде се наоѓа најблиското засолниште и да ги почитуваат ограничувањата што се во сила за време на воената состојба.

Би можело да ве интересира

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

Москва предупредува: Вклучувањето на ЕУ може да ги искомплицира преговорите за завршување на војната во Украина

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Баро: Русија се обидува да ги колонизира умовите, но нема да успее

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили

Фицо, Туск, Бабиш и Маѓар сe против Предлог-буџетот на ЕУ, бараат измени