Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

Од:

Цели две години МВР со Панче Тошковски не презема никакви дејствија за криминалот со фирмата за надзор над проектот со ,,Бехтел и Енка”, иако во јавноста беа објавени сериозни сомнежи за милионски злоупотреби и енормни хонорари. Според информациите од обвинителството, предметот практично тапка во место поради непостапување на МВР во предистрага која трае две години, за која обвинителството пратило и ургенции до МВР, велат од Левица.

– Во меѓувреме, се менува сопственичката структура во фирмата за надзор ,,Електра Солушнс” и нов сопственик станува Бојан Савески – кадар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен соработник на Коце Трајановски. Со тоа, ДПМНЕ од наводен критичар на криминалниот договор со „Бехтел и Енка“ стана директен учесник во шемата од која се вртат милиони евра народни пари.

Особено симптоматична е улогата на „Електра Солушнс“ – фирма која јавноста ја памети како компанија за долен веш, а која подоцна доби околу 8 милиони евра од надзорот над коридорите. Токму ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција, јавно прашуваше како фирма за долен веш добива милионски договори за стратешки инфраструктурен проект. Денес, кога нивни луѓе влегуваат во структурата на надзорот, за истата фирма и истиот криминал – Мицкоски молчи. Јавно објавените информации покажаа и вртоглави суми за ангажираните експерти од Македонија преку оваа фирма: по 20.000 евра месечно за надзорни инженери и дури 300.000 евра по преговарач!

Панче Тошковски и МВР уште еднаш покажаа дека ветувањата за одговорност за историскиот криминал со ,,Бехтел и Енка” биле само предизборна лага. Откако Артан Груби им „избега“, па сам се врати без институционална реакција, сега истите структури го штитат и криминалот со „Бехтел и Енка”. ДПМНЕ не само што не го гони историскиот криминал со „Бехтел и Енка“, туку очигледно реши да стане дел од него, се вели во соопштенито од партијата.

Би можело да ве интересира

Под вмровската десничарска чизма, Уставниот суд го укина колективниот договор за културните работници и ги погази работничките права на илјадници вработени

Следната недела почнува со работа мобилната апликација за проверка на сообраќајни прекршоци, најави Тошковски

Левица поднесе четири законски измени за забрана на рекламирањето брзи кредити

Левица ја спори владината кошничка: Само 3.256 денари за сите режиски трошоци на четиричлено семејство

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Горан Наумовски