Левица поднесе четири законски измени за забрана на рекламирањето брзи кредити

Од:

Пратеничката група на Левица поднесе четири законски измени со кои предлага забрана за рекламирање на брзите кредити во електронските и печатените медиуми, преку билборди и други форми на рекламирање.

На денешната прес-конференција, претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, најави почеток на законодавна офанзива против, како што ги оцени, лихварските практики на финансиските друштва.

Апасиев посочи дека задолжувањето на граѓаните преку финансиските друштва добива големи размери. Според податоците што ги презентираше, од околу 14.000 активни договори за кредит во 2015 година, бројката во првото полугодие од 2026 година надминала 260.000. Тој проценува дека до крајот на годината може да достигне меѓу 300.000 и 350.000 договори.

„Тоа значи дека секој четврти граѓанин е задолжен со брз кредит. Затоа профитот од 23 милиони евра на овие финансиски лихварски друштва се искачил на 230 милиони евра. Оттука сметаме дека по сите параметри овие кредити спаѓаат во групата на лихварски кредити коишто се забранети согласно нашиот Закон за облигациони односи“, истакна Апасиев.

Тој информираше дека во рамки на кампањата на Левица пристигнале над 500 пораки од граѓани кои се соочиле со проблеми при користењето брзи кредити. Како заеднички проблем го посочи агресивното рекламирање на финансиските друштва, кое, според него, ги доведува граѓаните во заблуда.

Апасиев ги критикуваше рекламните пораки за брзи пари во кеш за пет минути, кредити само со лична карта и без камати, оценувајќи дека на тој начин најранливите категории граѓани се вовлекуваат во должнички круг.

Предложените измени се однесуваат на Законот за финансиски друштва, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за заштита на потрошувачите и Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Апасиев најави дека ова е само првата фаза од законодавната офанзива. Во следниот период Левица ќе предложи и измени за заштита на граѓаните од вознемирување и присилна наплата на долгови, забрана на скриените трошоци кои, според него, достигнуваат и до 120 проценти од износот на кредитот, како и префрлање на надзорот врз финансиските друштва под ингеренции на Народната банка.

Како крајна цел, Апасиев ја посочи целосната забрана на овие финансиски друштва. Тој изрази очекување дека предложените законски решенија ќе добијат поддршка од сите пратенички групи во Собранието.

Би можело да ве интересира

Левица ја спори владината кошничка: Само 3.256 денари за сите режиски трошоци на четиричлено семејство

Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ по желба олигарсите – на работникот му го одзедоа и достоинството, сега му ја меркаат и неделата

Левица: Студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

А1он

(ВИДЕО) Левица: Дали и во Кавадарци се прикрива насилство од поединци во МВР?

(ВИДЕО) Мојсоска: ДПМНЕ три месеци го држи предлог-законот за семејно насилство во фиока

А1он