(ВИДЕО) Левица: Дали и во Кавадарци се прикрива насилство од поединци во МВР?

Од:

Два сериозни случаи во Охрид и Кавадарци повторно го отвораат прашањето за употребата на полициската сила, пречекорувањето на службените овластувања и одговорноста во Министерството за внатрешни работи, велат од Левица.

– До Левица пристигнаа видео-снимки од Кавадарци за настан од 24 април 2026 година, кои отвораат сериозни сомнежи за насилство врз младо лице и злоупотреба на полициските овластувања. Според снимките, лицето најпрво е нападнато од четири лица, а потоа, откако е лишено од слобода и со рацете врзани зад грб, е удирано од полициски службеници во пределот на главата, спротивно на овластувањата. Се забележува и полициски службеник во цивилна облека како го удира со нога додека лицето е на земја.

Особено загрижувачки се наводите дека случајот се обидува да се прикрие поради лични и роднински врски со инволвираните лица, наместо да биде предмет на независна и непристрасна истрага. Во Охрид, пак, беше објавен уште еден сериозен случај на наводно полициско насилство врз 19-годишно момче, за кој семејството располага со видео-докази и медицинска документација. Два случаи, два града и сериозни прашања за професионалноста и контролата врз полициските службеници.Тошковски и Одделот за внатрешна контрола мора да дадат одговори:

• Дали е отворена постапка од внатрешната контрола за двата случаи и кои конкретни мерки се преземени?

• Дали се обезбедени и официјално прибавени видео-снимките како доказен материјал?

• Дали се испитува одговорноста на командирите и раководните лица кои биле присутни или имале сознанија за настаните?

• Дали се проверуваат наводите за обиди за прикривање и влијание врз постапките?

• Дали ќе има санкции за сите службеници за кои ќе се утврди дека незаконски употребиле физичка сила?

Бараме итна, независна и темелна истрага, утврдување на фактичката состојба и неселективна одговорност за секој инволвиран полициски службеник. Полицијата има законска обврска да ги штити граѓаните, а не да ја користи униформата за насилство, заплашување и задоволување лични интереси. Панче Тошковски мора да покаже дали навистина постои контрола во МВР или одговорноста не важи за поединците блиски до власта. Левица бара одговорност и целосно расчистување на случаите, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мојсоска: ДПМНЕ три месеци го држи предлог-законот за семејно насилство во фиока

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата

Левица: Македонија единствена европска земја против хуманитарна помош за Палестинците – ДПМНЕ ја влече државата кон талогот на цивилизацијата

(ВИДЕО) Мециновиќ: Мицкоски го присвои државниот буџет – Левица со 80 амандмани за враќање на јавните пари во служба на граѓаните

Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара – кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Левица: ОЈОГОКК бара докази за истепаниот малолетник во Охрид – Внатрешна контрола и Тошковски ја саботираат постапката

Горан Наумовски