Левица: Зошто обвинителот Арнаудоски сѐ уште го води предметот за Сара – кој ќе ја испита неговата непристрасност и интегритет?

Од:

Откако во јавноста се појавија информации дека предметот му бил одземен на обвинителот Стојанче Арнаудоски, сега се потврдува дека тој продолжува да постапува. Во меѓувреме, до Левица пристигнаа информации дека Арнаудоски е семеен пријател на Гоце и Љубинка Корабоски, односно на “угледната“ вмровска фамилија. Дополнително, до Левица пристигнуваат и информации за отсуство на професионален интегритет кај овој обвинител, односно дека важи за еден од најкорумпираните обвинители, велат од Левица.

– Која му е стратегијата на Арнаудоски, но и на ДПМНЕ? Дали планира да го води случајот зависно од реакциите на јавноста, односно „да се случува одговорност“ само додека јавноста реагира? Дали воопшто ќе ја прошири истрагата после сериозните грозоморни наводи кои излегоа во јавноста? Како е можно тешката телесна повреда одеднаш да стане “обична“ телесна повреда?

Поразително е што во случај со вакви монструозни сведоштва, ревноста евентуално се појавува дури откако јавноста ќе крене тревога. Правдата не смее да функционира како апарат за гаснење пожари, односно да се активира кога ќе избувне скандал, а да згасне кога ќе стивне револтот! Најопасниот исход би бил јавниот гнев да се истроши, а со него да исчезне и решителноста. Ниту времето смее да биде сојузник на насилникот, ниту обвинителската дискреција засолниште за евентуалните помагачи.

Бараме одговори од Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески: Зошто после сѐ предметот продолжува да го води Арнаудоски, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ОЈОГОКК бара докази за истепаниот малолетник во Охрид – Внатрешна контрола и Тошковски ја саботираат постапката

Горан Наумовски

Левица: Факултетите и Ректоратот на УКИМ во мрак, Пошта и културните установи под закана од истата судбина

А1он

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Шукова од собирот во Охрид: Институционална одговорност и сериозна превенција на насилството врз жените

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

30 дена притвор за Кристијан Корабоски

Катерина Ѓуровски