30 дена притвор за Кристијан Корабоски

Од:

Кристијан Корабоски (31), обвинет за нападот врз 26-годишната Сара од Охрид, доби 30 дена притвор. Против него вчера беше поднесено обвинение за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Според обвинението, Корабоски во ноќта меѓу 14 и 15 ноември физички ја нападнал девојката, при што таа изгубила свест, а потоа ја исфрлил од автомобилот на улица во Охрид.

Од Основното јавно обвинителство Охрид информираа дека станува збор за насилство при кое обвинетиот противправно ја лишил од слобода, физички ја нападнал, ја повредил и ѝ ја загрозил сигурноста.

„Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“, соопштија од ОЈО Охрид.

Би можело да ве интересира

Обвинителство бара притвор за Кристијан Корабовски од Охрид кој ја претепа 26 годишната Сара

Горан Наумовски

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата

Горан Наумовски

Повторно е приведен Кристијан Корубовски кој ја претепа Сара Ѓорѓиевска од Охрид

Горан Наумовски

МВР: Напаѓачот на Сара Ѓорѓиеска имаше 1,29 промили алкохол во крвта

Горан Наумовски

За закана кон Мицкоски притвор, за претепувањето на Сара не – Левица обвинува за селективност на институциите

Катерина Ѓуровски

Савески: Исказот на жртвата е клучен доказ во истрагата за случајот во Охрид

Катерина Ѓуровски