Стоилковски: Партиската вмешаност не може да се исклучи, СДС и ДУИ да одговорат на прашањата за бегството од Идризово

Од:

Три дена нема вистински одговори од СДС, од ДУИ, од Владата, за бегството на осуденик за убиство и дрога, Беким Мемети од затворот Идризово. Индикативно е што сите инволвирани и одговорни за бегството, одговорни за спроведување на затвореници, за исполнување на стандрдите, се луѓе коишто високо котираат во партиските структури на СДС и на ДУИ и луѓе коишто упатуваат пораки за верност „со шефот до крај“ рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Срѓан Димитриевски, полицаец со коруптивно досие, поставен за командир на смена, Љупчо Кузмановски, поставен за советник на директорот на Идризово за безбедност и спроведување, двајца истакнати верни членови на СДС. Тука се и Идриз Асани, партнер на Димитриевски за бегството, заедно на смена, член на ДУИ, а можеби и роднина на Феми Јонузи, висок член на ДУИ за Студеничани, сега заменик директор на затворот Идризово. Сите овие се луѓе со истакната верност и посветеност, беспоговорност кон барањето од политичките партии на кои што припаѓаат СДС и ДУИ. Ваквата поставеност во бегството не може да се гледа како на случајност, ниту да се исклучи партиската инволвираност во овој скандалозен случај. Оттука, од јавен интерес е по три дена, Миле Зечевиќ, генералниот секретар на СДСМ, директно посочен од Срѓан Димитриевски со пораката за верност, да каже што било договарано неколку недели пред бегството на осудениот убиец, на средбата неколку недели пред ова бегство од којашто е произлезена онаа порака и фотографија заедно со Миле Зечевиќ и Срѓан Димитриевски вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски