ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека Венко Филипче не ја информирал јавноста за средбата со албанскиот премиер Еди Рама, одржана во Албанскиот конзулат во Битола, и го отвори прашањето зошто на фотографијата од средбата нема македонско државно знаме.

Според партијата, Рама објавил фотографии од посетата на Битола по повод Денот на албанската азбука, а на една од нив е забележана и средбата со Филипче. Зад двајцата политичари се поставени албанското знаме и знамето на НАТО, но не и македонското знаме.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ниту Филипче ниту СДСМ објавиле информација за средбата. Фотографијата на Фејсбук ја споделил Агрон Демири од СДСМ, но подоцна ја избришал објавата.

„Зошто Венко Филипче молчеше за средбата со Еди Рама? Зошто СДС не ја информираше јавноста? И уште поважно, како е можно на фотографијата од средбата во Албанскиот конзулат во Битола да бидат истакнати албанското знаме и знамето на НАТО, а да го нема македонското државно знаме?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека македонското знаме не е декор што може да се поставува или отстранува по политичка потреба, туку симбол на државноста, суверенитетот и достоинството на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

(ВИДЕО) Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта

(ВИДЕО) Рама: Македонија со право се сомнева дека ќе има ново вето и по внесувањето на Бугарите во Уставот, но мора да го исполни условот

(ВИДЕО) Рама: Случајот „Монструм“ треба да го решаваат институциите во Македонија, нема да се мешаме во внатрешните работи

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Катерина Ѓуровски

Филипче на Конференција за проширувањето на ЕУ во Унгарија