Стефанова ја објави шемата за затајување данок на Камчев и Јосифовиќ, за која признале вина и се спогодиле

Од:

Кривичниот суд ги прифатил спогодбите кои биле предлог на обвинителката Лиле Стефанова за случајот „Империја“. Од Обвинителството потврдија дека бизнисменот Јордан Орце Камчев прифатил дека сториле кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, а Ненад Јосифовиќ. Со ова, се затвора делот за затајување данок, кој според вештачењето, Камчеви го направиле во 2004 и 2005 година, односно делот на „Империја“ до 2009 година.

„Двајцата обвинети го признаа извршувањето на кривичните дела што им се ставаат на товар и се согласија да им биде изречена казна затвор во траење од по една година во која ќе им се засмета и времето поминато во притвор. Во исто време, правното лице „Кара“ АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје и ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци беше задолжено да ја надомести штетата на Буџетот на Република Северна Македонија на име на неплатени даноци во износ од 320.918.372,00 денари“, велат од Обвинителството.

Оттаму објаснуваат дека во периодот од јануари 2004 година до март 2006 година обвинетиот Јордан Камчев заедно со обвинетите Кристина Камчева – Стојческа, нивната вработена Зорица Арсовска и нивниот татко, покојниот Илија Камчев, како одговорни лица извршни и неизвршни членови на Одборот на директори во правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје кое во октомври 2004 година е преименувано во ДПТУ „ХООР“ АД Кавадарци, ги искористиле своите овластувања и положба и го оштетиле доверителот – Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје, за износ 322.918.371,00 денари.

„Обвинетиот Јордан Камчев, во јануари 2004 година, основал оф-шор компанија во САД. Од страна на обвинетите Јордан Камче, Кристина Камчева – Стојческа и Зорица Арсовска заедно со сега покојниот Илија Камчев била донесена одлука за склучување на фиктивен договор со компанијата за наводна изработка и испорака на конфекција – воени униформи. Компанијата која немала вработени лица, ниту деловни активности, била застапувана од обвинетиот Дејан Јанев – вработен како возач во правното лице ‘Орка холдинг’ АД Скопје, кој прифатил да се потпишува како полномошник. Заради наводно обезбедување дека униформите ќе бидат изработени, поголем дел од имотот на ‘Орка холдинг’ АД Скопје бил ставен под хипотека. За да го намали имотот на ‘Орка холдинг’ АД Скопје, обвинетиот Јордан Камчев во име на правното лице од САД во период од месец мај 2004 година до мај 2005 година, во неколку наврати изготвувал невистинити фактури со вкупен износ од 11.000.000,00 евра кои биле евидентирани во книговодствена евиденција како вистинити. Овие фактури биле основа правното лице во чие име постапувал обвинетиот Дејан Јанев да поведе судски постапки и да бидат признаени побарувањата што произлегуваат од нив. Врз основа на извршни решенија, правното лице – доверител ја блокира жиро сметката на ‘Орка холдинг’ АД Скопје кое во меѓувреме се преименува во ДПТУ ‘ХООР’АД Кавадарци“, додаваат оттаму.

Според Стефанова, на крајот на месец август 2005 година обвинетиот Јордан Камчев иако знаел дека побарувањата се невистинити преку правното лице – доверител, поднесува барање за отворање на стечајна постапка над во ДПТУ ‘ХООР’АД Кавадарци. Со тоа, Стефанова смета дека Камчев како вистински сопственик на правното лице – доверител поднел невистинито стечајно побарување, по што Основниот суд Кавадарци во 2006 година донел решение со кое го одобрил планот за реорганизација на стечајниот должник ДПТУ ‘ХООР’АД Кавадарци во стечај – Кавадарци.

„Со ова за правното лице од САД е прибавена противправна имотна корист од 108.251 акции и станува доминантен сопственик на акциите на правното лицеДПТУ ‘ХООР’АД Кавадарци на кое правен претходник е ‘Орка холдинг’ АД Скопје. Правното лице од Швајцарија каде еден од крајните сопственици бил сега покојниот Илија камчев станува сопственик на 18.381 акција, па доверителот Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје е оневозможена да го наплати побарувањето во износ од 322.918.371,00 денари утврдено со решение на Основен суд Кавадарци“, објаснуват од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека во јуни 2006 година на седница на Собранието на ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на која двете правни лица – сопственици на капиталот биле застапувани од обвинетиот Ненад Јосифовиќ е донесена одлука правното лице ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци повторно да се преименува во „Орка холдинг“АД Скопје.

„Обвинетиот Ненад Јосифовиќ поттикнат од сега покојниот Илија Камчев како полномошник на двете правни лица – сопственици на капиталот, во јули 2007 година, иако знаел дека 126.632 акции од ‘Орка холдинг’ АД Скопје се прибавени со кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ, склучил договор за купoпродажба. За износ од 21.588.000,00 денари на правно лице од Лугано му продал 99,88% од акционерскиот капитал, а правното лице било преименувано во Евро балкан груп. Во август 2012 година акциите повторно се продадени на правното лице ‘Орка холдинг’ АД Скопје за износ од 61.380.000,00 денари, по што правното лице Евро балкан груп во септември истата година е преименувано во ‘Кара’ АД Скопје со што бил прикриен изворот и сопственоста на акциите“, велат од Обвинителството

Обвинителката посочува дека правното лице „Кара“ АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје и ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на 26.04.2022 година по претходно дадена сметка и износ од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исплати износ од 320.918.372,00 денари на сметката на Управата за јавни приходи.

„За останатиот дел од истражната постапка позната во јавноста како „Империја“, во која е опфатен период по 2009 година, како и стечајната постапка на МПМ, постапката продолжува, течат роковите во кои согласно закон обвинетите и одбраната имаат право на увид во доказите и предлагање на докази. По истекот на овие рокови предметниот обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука.“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

A1on

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза