Спасовски: Ќе има кривична пријава за возачот на Палевски, адвокатот е задржан во полициска станица

Од:

Ќе следува кривична пријава за возачот на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот велешанец, Панче Жежовски, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„По се она што го имаме досега потврдено, ме информираа службите дека ќе следува кривична пријава“, рече Спасовски.

Инаку возачот кој го однел Палевски во Турција од Србија, преку Бугарија е Стефан Димковски. За него, обвинителството веќе соопшти дека со автомобил Ланд Ровер го пренел првоосомничениот за убиствата, а датумот на кој го носел е истиот со оној кога МВР соопшти дека петмина се приведени за киднапирањето на Вања.

Адвокатот пак, е задржан во законските рамки, од 24 часа, по што ќе се знае дали ќе има понатамошна постапка за него.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност