Поднесени над 36 илјади барања за отпис на долгови, рокот истекува в понеделник

Од:

Барања за еднократен отпис на долгови според владината мерка заклучно со вчерашниот ден поднеле 36.369 граѓани. Во понеделник завршува рокот за поднесување барања, а негово продолжување нема да има, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

– Денеска е претпоследниот ден од рокот предвиден за поднесување барања. Очекуваме во понеделник да има исто така голем број граѓани кои ќе поднесат барање за еднократен отпис на долгови. Би сакал уште еднаш да потенцирам дека продолжување на рокот нема да има и заклучно со понеделник е последниот ден кој граѓаните можат да го искористат да дојдат до центрите за социјална работа да поднесат барање за еднократен отпис на долгови, рече Спасов одговарајќи на новинарско прашање по потпишување Меморандум за соработка со три спортски федерации.

Тој потенцира дека сите оние кои ќе поднесат вакво барање конкретно да назначат во која категорија на граѓани припаѓаат, односно дали се приматели на социјална или постојана парична помош или невработени повеќе од 12 месеци, како и да го назначат долгот за кој бараат отпис со цел Комисијата поедноставно да може да постапува.

Би можело да ве интересира

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

Орце Костов

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он