Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Од:

Стара жена во Охрид, исфрлена на улица од семејството, веќе десетина дена живее во напуштена хорор-барака, оставена на милост и немилост. Покрај опасноста да премрзне, таа денеска едвај спасила жива глава и од глутница кучиња коишто ја опколиле во импровизираниот дом.

Информацијата за страотната судбина на оваа жена денеска на социјалните мрежи ја сподели портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски. Тој апелираше до семејството да ја згрижи навреме жената, која од утре повторно ќе се најде на улица.

Граѓаните, револтирани, бараат социјалните служби веднаш да интервенираат. Тие се нудат да ѝ помогнат со храна и облека на жената, но апелираат семејството да го згрижи својот родител, кој не заслужува ваква судбина.

„Упатувам апел до семејството на оваа жена од Охрид, која десеттина дена е исфрлена и оставена од сите, да не дозволат, таа и понатаму да биде бездомник и да „живее“ во оваа напуштена хорор барака, од која, и кучињата ноќе бегаат. Оваа жена, не заслужила таква суровост и бездушност од нејзините, не заслужила да биде оставена на милост и немилост на овој студ и на кучињата, кои ја имаа опколено денеска, кога по добиена информација, отидов на ова место“, напиша Димоски.

Тој се заблагодари на брзата реакција на СВР Охрид, на Итната медицинска помош, на Центарот за социјални работи.

„Го известувам семејството на оваа жена, дека, благодарение на реакциите, вечерва, нивниот родител ќе има пристоен дом, но веќе од утре, ќе мора да реагираат и да си го згрижат родителот. Никој, ама баш никој, без оглед на се, не заслужува ваква судбина, отфрленост и заборавеност“, вели Димоски.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство