Полициски службеници од полициската станица Охрид, од слобода го лишија Ц.Н.(55) од Охрид кој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.
– Со брза интервенција на полициските службеници, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински екипи, извршена е евакуација на повеќе жители од зградата, а со возила на Итната медицинска помош, во Општа болница префрлени се осум лица кои имале повреди и потешкотиии при дишење, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во координација со други служби, СВР Охрид презема дополнителни мерки за поддршка на станарите и смирување на состојбата, а по целосно документирање на настанот, против Ц.Н. ќе биде поднесена кривича пријава за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност”.
