Најчевска: Дали може министрите да изложат порнографски слики во својата канцеларија?

Од:

Прво, би сакала да видам кој тоа министри во странство играат фудбал во нивните канцеларии. Второ, дали ова значи дека Ковачевски нема против следниот пат кога американската амбасадорка ќе дојде во просториите на Артан Груби, дотичниот да ја пречека во пењоар и папучи? Бидејки нели нема никакви стандарди кои треба да се почитуваат во однос на изгледот на работните простории и вработените во министерствата, или таа слобода важи само за ДУИ?, вели во својот најнов Фејсбук пост универзитетската професорка Мирјана Најчевска, откако министерот за економија Крешник Бектеши за играњето фудбал во Владата изјави „Тоа видео да се направеше во странство ќе добиевме аплауз“.

Во постот таа вели:

„Дали може министрите да изложат порнографски слики во својата канцеларија? Може да донесат и колекција со пушки? Може да распостелат канабиња со розеви перничиња и црвени фенери? Мислам, навистина, кого го прават будала во случајов? Нас или себе. Има норми на облекување и има норми за работен простор и има норми за однесување. Посебно за луѓето кои доаѓаат во контакт со странски дипломати, државници и функционери.

И со луѓе кои играат по кошули во кабинетите и со незнаење на основните узуси на однесување и со јавно манифестирана некултура. Според член 72 од Законот за државни службеници постојат казни за дисциплинска неуредност. Еден вид дисциплинска неуредност според овој член е и непристојно однесување. Или ова не важи за министрите туку само за административната раја?

На пример во Агенцијата за администрација според член 13 од нивните правила за однесување вработените можат да ги користат работните простории само за службени потреби. Изгледа во Владата можат да ги користат како свои лични простории? Утре и скара ќе свиткаат и кафанче со музика? Мислам за да се релаксираат. Дајте бре луѓе. Не го правдајте примитивизмот кој сам си се пројавил“.

Би можело да ве интересира

Најчевска: Однесувањето на Курти е еднакво на бугарските асимилационисти и од Македонија прави непријател на Косово

Најчевска за Коридор 8: За оваа власт дрвокрадството и дивоградбите се легални, Владата треба да падне под итно

Орце Костов

Најчевска се смее на опомената за Тупанчески: Гонете се! Лепенче со пчеличка на рачето му ставиле?

Кристијан Ландов

(ИНТЕРВЈУ) Најчевска: Треба да се случи чудо да влеземе во Собранието со еден или двајца пратеници

Ана Василевска

Најчевска: Премиерот да ме постави за советник за балет

Заев по казната за Најчевска: И јас платив за фрлањето боја, ќе го разгледаме ова прашање