(ИНТЕРВЈУ) Најчевска: Треба да се случи чудо да влеземе во Собранието со еден или двајца пратеници

Од:

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација на канабисот и останатиот фокус на новата политичка партијa „Твоја“ разговаравме со Мирјана Најчевска.

Предизборната трка се вжештува. На политичката сцена се појавија нови изборни опции, една од нив е полтичката партија „Твоја“. Професорката Мирјана Најчевска е една од нејзините идејни креатори.

На јавноста ѝ е добро позната по критиките и кон поранешната и кон актулената власт. Во политиката влегува со „Твоја“ за која вели дека е партија која нема амбиција да освојува министерски места, но се надева дека јавноста ќе ја препознае искрената желба Собранието конечно да стане место на донесување одлуки за сите граѓани.

Според неа дуалитетот во политиката создаде клиенти од двете страни што се залагаат за лични интереси.

 

 

„Се она што е кретивно, прогресивно, алтернативно се поврзува со невладиниот сектор, а политиката остана дел од партиските препукнувања, се претвори во партиски естаблишмент, се задоволуваат тесните партиски интереси. Сакам да покажам дека политиката не е гнасна туку ние ја правиме таква. Политиката е динамичен дел од општеството но никако не треба да биде дел од партиите и од партиското договарање. Партиите треба да ги застапуваат интересите на сите граѓани“, тврди Најчевска во интервјуто.

Најчевска вели дека „Твоја“ ја застапува професионалноста, таа е демократска и флексибилна а во своето членство има и лево и централно и десно крило. Тие се обединиле околу неколку заеднички именители: образованието, одговорноста на политичарите, правото, животната средина.

Успехот на „Твоја“ Најчевска очекува да дојде постепено, не одеднаш, а за овие избори не е голем оптимист дека ќе влезат во Собранието.

„ Треба да се случи чудо да влеземе во Собранието со еден, двајца или тројца пратеници“, вели Најчевска.

Таа кампањата смета дека е срамна оти на гласачите директно се нудат пари место идеи концепт и визија за државата. Таа очекува мал одѕив на 15 јули, оти, како што вели, секој разумен човек се плаши од ризикот да биде заразен.

Би можело да ве интересира

Најчевска: Однесувањето на Курти е еднакво на бугарските асимилационисти и од Македонија прави непријател на Косово

Најчевска за Коридор 8: За оваа власт дрвокрадството и дивоградбите се легални, Владата треба да падне под итно

Орце Костов

Најчевска: Дали може министрите да изложат порнографски слики во својата канцеларија?

Горан Наумовски

Најчевска се смее на опомената за Тупанчески: Гонете се! Лепенче со пчеличка на рачето му ставиле?

Кристијан Ландов

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска