Најчевска за Коридор 8: За оваа власт дрвокрадството и дивоградбите се легални, Владата треба да падне под итно

Од:

Професорката Мирјана Најчевска ја обвини власта дека плука по демократијата, мислењето на граѓаните и владеењето на правото со предложените суштински измени на осум закони поврзани со коридор 8 кои ќе се носат по скратена постапка.

Во својата објава на Фејсбук, Најчевска пишува дека власта стратешките интереси ги утврдила без никаква демократска процедура, дека заштитата на животната средина е минорно нешто од кое може во секој момент да се откаже власта без за тоа да се консултира со било кого и надвор од демократските процедури:

„ 4. Дека дрвокрадството е легално кога тоа го прават тие кои се на власт.

5. Дека заштитените видови и нивните живеалишта немаат никакво значење кога се во прашање желбите на оние кои се на власт по принципот к*р ми е двор ми е.

6. Дека тие кои ќе ги исечат шумите ќе си остварат корист од тоа (Коце Трајановки е мачја кашлица во однос на оваа багра на мразачи на шумите).

7. Дека кога тоа сакаат тие кои се на власт може да донесат закони кои важат наназад (закони со ретроактивно дејство).

8. Дека просторниот план на Македонија е тоалет хартија без никаква вредност и значење.

9. Дека правата на работниците важат само до оној момент кога нема да дојдат во судир со интересите на оние кои се на власт.

10. Дека минералните суровини на државата се сопственост на партиите кои се на власт и со нив можат да располагаат без никакви ограничувања.

11. Дека правосудниот систем се прилагодува на потребите на партиите кои се на власт и за нив не важат судските процедури.

12. Дека нема потреба да се гради легално бидејки потполно се изедначени легалните и нелегалните градби и секој обид некој да се казни заради нелегална градба треба да се смета за дискриминација (со повикување на овој закон).

13. Дека кога тоа ќе го посакаат партиите на власт за нив нема да важат одредбите од Законот за градење.

14. Дека кога тоа ќе го посакаат партиите од власта за нив не важат одредбите од Законот за земјоделско земјиште.

Пратениците не смеат да ги изгласаат овие закони, претседателот не смее да ги потпише овие закони, уставните судии мора веднаш да ги поништат, а Владата која ги предлага треба да падне. Под итно“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места