Најчевска: Однесувањето на Курти е еднакво на бугарските асимилационисти и од Македонија прави непријател на Косово

Од:

Дали името на Демачи е ставено во листата на имиња која ја има одобрено Владата? Ако не е тогаш преименувањето е ништовно. Однесувањето на Курти е еднакво на бугарските асимилационисти и од Македонија прави непријател на Косово вели професорката Мирјана Најчевска во објава на социјалните мрежи, а во врска со преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ како и поради дочекот на Албин Курти во Тетово каде имаше знаме со голема Албанија.

– Македонските политички субјекти кои го користат Курти за подигање на сопствениот рејтинг се претставуваат како екстремни националисти кои не можат да бидат дел од изградбата на европска Македонија. А да ја потсетам СДСМ дека се на власт 7 години и дека секој ден покажуваат дека немаат појма што да прават на таа позиција вели Најчевска во објава на социјалните мрежи.

За настаните во Чаир и во Тетово реагираа и кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Курти пред победа на изборите во Косово

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово