Најчевска: Премиерот да ме постави за советник за балет

Од:

Откако се појавија многу имиња кои станале советници во владата за се и сешто, и универзитетската професорка Мирјана Најчевска бара од премиерот да ја постави за советник за балет и сродни уметности.

-Очекувам во најскоро време да бидам повикана од кабинетот на Премиерот на мојата нова функција: советничка за балет и сродни уметности. Преговорите за надокнадата за моите високо-професионални советнички услуги се во тек.

Не се согласувам да имам ни денар помалку од Цветанка Ласкова (со која ќе комуницирам на дневна основа) или од она детето, како се викаше? аааа, да, синот на Нано Ружин од кој очекувам да ме запознае со ноќниот живот по франкофоните метрополи. Со Венко Андоновски не би се дружела. Некако досаден е бре, а и може веднаш да ми се наџитка да ми пишува биографија. Не фала.
Не сум сигурна која ќе биде мојата работа, меѓутоа спремна сум да дадам најдобри и најпрофесионални совети од областа за која појма немам.

Во текот на мојата советодавна работа имам намера да ги посетам сите театри во Европа, Америка, Канада и Австралија со цел што подобро советување на Премиерот ни, напиша Најчевска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски