Министерството за труд ќе ги додели првите решенија за отпис на долгови

Од:

Министерството за труд и социјална политика денеска ќе ги додели првите решенија за отпис на долгови на граѓани од ранливите категории во Велес.

Решенијата, како што е најавено, ќе ги врачи министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Поднесувањето на барања за отпис на долговите започна на 18 август, а крајниот рок беше 13 октомври. Се отпишуваа долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радиодифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да е почната постапка за наплата.

Барања можеа да поднесат лица приматели на социјална помош, невработени и лица што имале смртен случај или инвалидитет во семејството и поради тоа што не можеле да ги исплаќаат обврските.

Според надлежните, големиот број на поднесени барања потврдува дека мерката е добро дизајнирана и насочена кон ранливите категории на кои ќе им се помогне да се опорават.

Би можело да ве интересира

Жителите на Слупчане се уште го блокираат влезот: Ќе го платиме долгот кон ЕВН, но не и каматите

Орце Костов

ВИДЕО: Се спрема отповикување на градоначалниците недомаќини, општините пак во долгови од над 75,7 милиони евра

Маја Илиевска-Пачемска

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он