МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците

Од:

Македонската асоцијација на новинари МАН остро го осудува нападот, заканите, заложништвото и попречувањето на екипата на ТВ21 да си ја врши својата задача од роднините на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

– Ги повикуваме министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство без одложување да ги изведат пред Суд насилниците од Арачиново, за кои се знае дека се политички активисти.

Градоначалничката Халими и партијата чии активисти се – веднаш и без одлагање самите да ги пријават насилниците и да се извинат до новинарската екипа и до вработените во ТВ21. Нема место за насилници во политиката, соопштува МАН.

За жал, констатираме дека состојбата со слободата на медумите не се подобрува, напротив се влошува. Заканите, нападите и притисоците се зголемуваат од ден во ден.

Македонската асоцијација на новинари, заедно со ЕФЈ и ИФЈ врши засилен мониторинг на состојбата со медиумите во земјава, особено за време на изборни процеси, кога новинарските екипи често се мета на напади, закани и насилства од политички активисти.

Би можело да ве интересира

МАН: Целосна поддршка на „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк

Ана Ололовска

МАН: Ние предлагаме интернет-порталите законски да станат медиуми, ЗНМ се противи

Жарко Настоски

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите на МРТ и на АВМУ преку постоечкиот закон

МАН: Тричковски треба да биде санкциониран, „Слободен печат“ да се огради од неговите ставови

Предраг Петровиќ

ЗНМ и СЕММ го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон „А1он“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на власта е да се намали масовноста на протестите на културните работници

А1он