МАН: Целосна поддршка на „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) му дава целосна поддршка на здружението на електронски медиуми „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк преку прекин на програмата.

– На лошата економска состојба во локалните и регионалните медиуми, МАН предупредува со години. Ние уште пред 2020 година предложивме решение преку буџетско субвенционирање на надоместокот за дозвола (лиценца) за работа, како и дефинирање механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа значи и соодветна измена на член 102 од Законот за Законот за аудио-визуелни услуги, соопштува Македонската асоцијација на новинари.

– За ова сме разговарале повеќепати со преставници на претходните влади. Се даваат над 7 милиони евра за НВО од буџетот на РМ, а не се обезбедуваат субвениции за медиумите кои остваруваат дејност од јавен интерес за сите граѓани. Владата финансира несуштински дејности, наместо да обезбеди законска рамноправност за сите медиуми. Мора да дефинираат механизми за кампањи од јавен интерес, бидејќи Македонија е единствената земја во Европа која со закон ги забранува. МАН ќе продолжи да ги поддржува локалните и регионалните медиуми борејќи се за регулирање на нивниот статус и и финансиска независност пред надлежните институции, велат од Македонската асоцијација на новинари.

Би можело да ве интересира

ССНМ го осуди нападот врз новинарската екипа на М Нет

Ана Ололовска

Владиката Петар отвора телевизија, ќе емитува квизови, вести и спорт во следните девет години

Орце Костов

(ВИДЕО) Новинарите со марш од Влада до Собрание: Стоп за понижувањата од политичарите

Горан Наумовски

Откази во американски медиуми поради лоша економска состојба

Горан Наумовски

„МИА се претвори во ПР служба на владата“ – ги укинува дописниците од светот, ќе зема државни пари само за работа во Македонија?

А1он

Законот за поткуп на медиумите денес дел од скринингот, ЕУ предупредува дека за измените се потребни консултации со новинарските здруженија

Маја Илиевска-Пачемска