СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Од:

Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите. За жал, во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме. Над 40% од медиумскиот простор е под директна контрола на Орбановата мрежа во служба на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Дополнително владата врши притисок врз независните медиуми. Со приватниот Мосад (Black Cube) се следат и се фабрикуваат медиумски афери против политичките противници, велат од СДСМ.

„Повампирени лица кои Мицкоски ги оживеа од периодот на Груевски, како Ивона Талевска и нејзиниот партнер Драган Павловиќ Латас, секојдневно сеат омраза, пласираат болни текстови и навреди кон опозицијата. Не е тоа слобода на медиуми туку контрола на медиуми од страна на криминална организација. СДСМ ја поздравува работата на сите независни новинарски пера и секој медиум кој работи професионално и чесно. Ние сакаме и се бориме за денот кога во Македонија нема да има ниту еден медиум под контрола на криминална група, кога никој од власта нема да се меша во уредувачката политика, кога новинарите ќе можат слободно да известуваат без страв од притисоци, закани и фабрикувани афери. Слободата на медиумите не е привилегија туку темел на демократијата. Наскоро доаѓа времето на вистината“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“