МАН: Ние предлагаме интернет-порталите законски да станат медиуми, ЗНМ се противи

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) реагираше по денешната пресуда со која се одбива барањето на исплата на отштета на новинарот Горан Трпеноски за настаните на 27 април 2017 година во Собранието. Од МАН велат дека „жалат што врз грбот на новинарот Горан Трпеноски со последната судска пресуда се кршат копјата околу правната формулација/регистрација на електронските медиуми (портали)“.

„Судот во пресудата наведува факт – дека според законот, портал не е медиум, а вработените не се новинари, бидејќи здружението каде тој бил вработен не претставува издавач на медиум. МАН во изминатите години повеќепати бараше и јавно се залагаше за регистрација на електронските портали како правни лица – медиуми во Законот за медиуми и во Законот за АВМУ, и како такви да бидат евидентирани во единствен регистар на медиуми под капата на Агенцијата за АВМУ. За жал, МАН наиде на остро спротиставување од ЗНМ и дел од невладиниот сектор по ова прашање, дури и кога повикавме да се прочисти нивниот регистар на медиуми, каде членуваат и портали чии издавачи се невладини организации, што не е случај со регистарот на ИАБ Македонија,“ се вели во реакцијата од здружението.

„Сега за жал, на дело ги гледаме последиците од правната несигурност во која функционираат и работат многу професионални новинари во новите дигитални, електронски медиуми, односно портали,“ велат од МАН.

МАН ја повикува владата, политичките чинители и ЗНМ „активно да се поддржат измените кои ги предлагаме во Законите за медиуми и аудиовизуелни услуги, со кои ќе се утврди правна регистрација на порталите како медиуми, со што ќе се овозможи правна сигурност и професионално извршување на професијата новинар во медиум, а единствениот регистар на медиуми да го води Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги, во чие изготвување и прочистување активно ќе учествуваат МАН, ЗНМ и ИАБ Македонија“.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Комеморација во чест на новинарот Саше Димовски

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ