Јовески побара одговорност и од Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, поради претресот во Финансиска полиција

Од:

Дисциплинска одговорност се бара од обвинителите Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Постапката ја поведе републичкиот обвинител Љубомир Јовески, а по претресот во Финансиската полиција за кој беше утврдено дека е незаконски направен. Дисциплинската комисија ќе треба да утврди кои повреди се направени.

„За обвинителите постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, велат од Обвинителството.

„А1он“ објави дека од трите обвинителки, само за Вилма Русковска е донесена одлука за суспендирање. Тоа го потврдуваат и од Обвинителството.

„Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, додаваат од Обвинителството.

„А1он“ побара, но не доби официјален одговор од Дисциплинската комисија за поведената постапка, како и кога ќе се одлучува по предлогот.

Би можело да ве интересира

Јовески изненаден од повлекувањето на предлогот да биде уставен судија: Не се наведени причини, нанесена ми е штета

А1он

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Горан Наумовски

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

Кој ќе го наследи Јовески: Фетаи, Раичевиќ и Коцевски чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

Александар Тодески

Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела