Кој ќе го наследи Јовески: Фетаи, Раичевиќ и Коцевски чекаат мислење од Советот на јавни обвинители

Од:

Рокот од 15 дена на Советот на јавни обвинители, во кој треба да достави мислење за обвинителите Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител тече, но не е доволен за на време да се избере ново име. Извори на А1он пак, велат дека нема никакви шанси до 25 декември, кога и истекува мандатот на актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески да биде изгласан негов наследник, бидејќи сега советот има рок од 15 дена да го достави мислењето до владата.

Фетаи во моментов е обвинителка во Вишото скопско обвинителство, а претходно беше дел од тимот на Сепцијалното јавно обвинителство. Лани се пријави и за шеф на обвинителството во кое е во моментов, но ја повлече кандидатурата во последен момент. Меѓу предметите кои произлегоа од СЈО, таа ги застапуваше обвиненијата за „Тенк“, „Титаник 2“, „Титаник 3“, но и го застапуваше обвинението во повтореното судење за „Монструм“.

Обвинителката Раичевиќ пак, во моментов е во скопското обвинителство. Таа го водеше предметот „Ровер“ против Љубе Бошкоски, а го застапуваше и предметот „Еразмус“ против професорите од Економскиот факултет.

Коцевски сега е обвинител во Јавното обвинителство. Претходно, беше јавен обвинител во вишото обвинителство во Гостивар, а унапредувањето во републичкото обвинителство го доби минатата година.

Владата откако ќе добие мислење, испраќа предлог за нов државен обвинител до Собранието. Под услов сите тројца кандидати да добијат позитивно мислење, владата предлага еден од нив, а со предлогот, во Собранието го испраќа и мислењето од Советот.

Доколку советот не одлучи во рок од 15 дена од оправдани причини, рокот се продолжува за нови 15 дена, а доколку нема никаков одговор и по овој рок, се смета дека мислењето за сите кандидати е позитивно. Доколку Советот испрати негативно мислење за сите кандидати пак, Владата треба да му предложи на Собранието да го повтори огласот. Додека не се излгаса ново име, со државното обвинителство ќе раководи в.д. државен обвинител.

Би можело да ве интересира

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Свечена изјава на јавниот обвинител Љупчо Коцевски во Собранието – транспарентноста основно начело во програмата

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Александар Тодески

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски