Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

Од:

Со гордост, задоволство и чест во изминатите шест години ја извршував функцијата Јавен обвинител. Во изминатите шест години, Јавното обвинителство го започна процесот на трансформација од целосно затворена, кон институција отчетна и достапна за граѓаните, вели државниот обвинител Љубомир Јовески во писмено обраќање на крајот од мандатот.

„Состојбите не се лесни, но сепак покажавме и покажуваме истрајност во реформите, а тоа веќе го препознаваат и сите меѓународни институции. Во последниот извештај на Европската комисија навистина се ниски оценките за борбата против корупцијата во земјава и од тоа не можеме да бидеме задоволни. Но, ниту една критика не е насочена директно кон обвинителството. Напротив, се инсистира државата да ги обезбеди и да ги зголеми ресурсите за непречена работа на Јавното обвинителство. Сакам да истакнам дека често поради непознавање на реалната состојба или намерно, правосудството, а со тоа и Јавното обвинителство, се цел на неосновани напади“, посочува Јовески.

Тој вели дека се создала атмосфера дека довербата во работата на обвинителите е нереално многу ниска

„На пример, покрај другите предмети правосудството постапува и по граѓански во кои одлуката е во корист само на едната страна. И покрај тоа, во значителен број предмети странките ја прифатиле донесената одлука и не изјавиле жалба. Во јавното обвинителство, пак, бројот на поднесени кривични пријави од граѓани од година во година расте, што исто така е показател дека довербата на граѓаните во нашата работа се зголемува и е многу повисока од презентираната. Анкетите, онака како што се прават за политичарите и политичките партии, не се соодветни за мерењето на довербата во работата на Јавното обвинителство“, вели Јовески.

Според него, во изминатите шест години можело да се направи повеќе, но тврди дека во ниту еден момент не престанал да се залагам за повеќе и за подобри резултати.

„Сакам да упатам една порака и до колегите јавни обвинители. Стрпливоста и упорноста се столбовите на секоја кариера во правосудството. Потрагата по правда е маратон, а не спринт трка на кратки патеки и затоа човек мора да одржува темпо и да е истраен. Ве повикувам во секоја можност да ја демонстрирате својата истрајност и решителност во борбата против криминалот. Не дозволувајте поединци да ја извалкаат професијата во која секојдневно се вложувате. Со чесна и напорна работа вашите резултати нема да останат непрепознаени од јавноста. Би сакал јавно лично да ви се заблагодарам за соработката која ја имавте со мене како прв човек на институцијата. Ја користам оваа прилика вам, на вашите семејства и на сите граѓани да ви ги честитам претстојните празници и да ви посакам многу среќа, здравје и успеси“, стои во последното обраќање на Јовески.

Би можело да ве интересира

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ