Јовески изненаден од повлекувањето на предлогот да биде уставен судија: Не се наведени причини, нанесена ми е штета

Од:

Поранешниот државен јавен обвинител кој беше кандидат за избор на уставен судија, Љубомир Јовески, за кого денеска од Собранието информираа дека е повлечен предлогот, за МИА вели дека е изненаден дека предлогот беше повлечен без да се наведат основни причини за тоа.

„Изненадувачки, вулгарно беше тоа дека предлогот е повлечен без да се наведат основни причини за тоа. Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета, ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади“, вели Јовески.

Тој рече дека сметал дека процесот е завршен, бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.

„Бидејќи таа работа година и пол не се покренуваше пред Комисјата за избор и именување сметав дека е завршено, односно дека нема ништо од предлогот за уставен судија, затоа што тие ако сакаа да го завршат тоа имаа време и можности“, рече тој.

Јовески вели дека е изненаден како тоа денеска беше изведено, односно, дека претседателката на Комисијата на денешното 25 продолжение на 13. Седница на Комисијата за избор и именување само соопшти дека предлогот е повлечен без да каже повеќе детали.

„Воопшто во оваа година и пол со никого не комуницирав во врска со предлогот, а врз основа на моето досегашно искуство сметав дека нема потреба со некого да комуницирам, ниту некого околу тој дел да прашувам што станува со предлогот“, рече Јовески.

Тој дополни дека е горд што е еден од двајцата обвинители кој го завршил  шестгодишниот мандат и, како што рече, во моментов е посветен на прашања од неговата професија.

Би можело да ве интересира

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат