Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Од:

Јане Ченто, еден од осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година, поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска, обвинувајќи ја за попречување на правдата и злоупотреба на службената положба.

Ченто, заедно со дел од лицата опфатени во истиот случај, тврди дека доставиле нови докази кои го доведуваат во прашање начинот на кој била водена истрагата и судскиот процес. Според неговите наводи, обезбедена е нотарски заверена изјава од сведок кој признал дека неговиот претходен исказ бил невистинит.

Како што посочи, доказите укажуваат на наводна комуникација меѓу сведоци и лица поврзани со високи функционери, како и на можни договори со обвинителството и насочување на сведочењата. Сведокот, според изјавата, тврди дека му било ветено олеснување во други постапки во замена за дадениот исказ.

Дополнително, Ченто наведе дека постои и вештачење од мобилни уреди кое, според него, ја поткрепува ваквата изјава. Тој побара обвинителството темелно да ги разгледа сите доставени материјали, нагласувајќи дека јавноста има право да ја знае вистината.

-Ова не е веќе политичка тема, туку сериозен правен случај со сомнежи за незаконити докази и притисоци врз сведоци, изјави Ченто, додавајќи дека поднесената пријава е само почеток на понатамошна правна борба.

И Богдан Илиевски, кој беше опфатен со Законот за амнестија, изјави дека со оваа иницијатива се отвора можност доказите кои претходно биле одбиени од судовите, повторно да бидат разгледани во нова постапка.

Од Обвинителството засега нема официјален став за поднесената пријава.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он