(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Од:

27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија. Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски. Во Собранието влегоа насилници со јасна намера – да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собранието, да го урнат уставниот поредок. Сликите од тој ден се врежани и после 9 години: крвави лица на пратеници, дупнати глави, напади со шипки и столици, влечење, дивеење и уништување во храмот на демократијата, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

– А денешниот прмеиер, Христијан Мицкоски, тој ден беше пред Собранието. Девет години подоцна, наместо целосна правда – сведоци сме на обиди за срамна рехабилитација на насилниците. По доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, осудени лица за 27 април се пуштаат од затвор со само еден потпис. Истовремено, истите луѓе и истите мрежи повторно се активираат. Бетмен Велит, обвинет за 27 април – денес заедно со Латас се носителите на антиевропската кампања и нападите на СДСМ преку орбановата мрежа на медиуми.

Јане Ченто држи прес конференции и се заканува со тужби. Контроверзниот разузнавач Горан Живаљевиќ, човекот кој беше во Собранието на денот на нападот – останува симбол на странското влијание во тие настани и на БИА. Повторно слушаме и за Сашо Мијалков и Никола Груевски. Денеска истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица. Истите луѓе, истите методи, истата агенда. Денес, под водство на Христијан Мицкоски, Македонија повторно се турка кон заробена држава: Се бираат судии и обвинители под негова контрола, Заробени институции, заробеани медиуми, Рехабилитација на насилници, Линч и јавни напади врз опозицијата и Ништо не е сменето во ВМРО-ОКГ. Тоа е истата структура која сака повторно да гази врз слободата и демократијата, да се пресметува со неистомисленици и да шири омраза и поделби меѓу граѓаните. 27 април не е само потсетник – тоа е опомена. Опомена што се случува кога државата ќе биде заробена, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата