Игуменот Фотиј (Александар Костовски) депортиран од Косово во Северна Македонија

Од:

Игуменот на манастирот Девина вода на СПЦ во општина Звечан, отец Фотиј, кој е државјанин на Северна Македонија и чие граѓанско име е Александар Костовски, депортиран е од Косово во Северна Македонија од страна на косовската полиција по итна постапка и без објаснување, јави дописникот на МИА од Белград.

Отец Фотиј е роден 1981 година во Скопје, а во Рашко-Призренската Епархијата на СПЦ е од 2004 година. До 2009 година служел како свештеник во манастирот Сопоќани и во Грачаница, каде што поминува најмногу време, а таа година поставен е за игумен на манастирот Девина вода кај Звечани, каде што непрекинато живее 13 години извршувајќи ги монашките должности, соопшти Рашко-призренската епархија.

-Во согласност со косовските закони, отец Фотиј, како граѓанин на Северна Македонија, кој како и другите свештеници од нашата епархија кои немаат косовски документи, секоја година аплицираше за дозвола за престој во последните пет години. Кога денеска требаше да подигне нова дозвола со лична карта, без образложение му беше кажано дека барањето му е одбиено, се наведува во соопштението.

Од Рашко-призренската епархија наведуваат дека на игуменот на манастирот, иако имал одобрена дозвола за престој до 11 ноември 2023 година, му било кажано „дека мора веднаш да оди во притвор и дека ќе биде депортиран од Косово, како и дека сите негови претходни барања и дозволи за престој во Косово се откажани и дека неговиот понатамошен престој во Косово ќе биде нелегален“.

-Во документот што му е доставен, цитирани се членови од законот кои се однесуваат на „причини од национална безбедност“ без да се наведе каква било кривична или друга одговорност, се вели во соопштението.

Откако бил принуден да се согласи на депортација, на отец Фотиј привремено му бил одземен пасошот на Северна Македонија и мобилниот телефон, темелно претресено му е возилото, на што посведочил претставник на ЕУЛЕКС, по што со полициска придружба бил депортиран до границата со Северна Македонија, каде му е вратен пасошот и телефонот, со забрана за влез во Косово во следните пет години.

На депортацијата реагираше денеска и директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ кој изјави дека „протосинѓел Фотиј, кој со години го регулираше престојот на Косово во согласност со административните процедури на Приштина, без никаква причина и објаснување е депортиран во Северна Македонија од каде што потекнува, а ниту присутните претставници на меѓународните организации не успеаја да го спречат овој акт на насилство“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина