Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Од:

Мнозинството пратеници во Косово ја избраа Албуљена Хаџиу за претседател на Собранието. На дневен ред е и гласањето за потпретседателите, а меѓу кандидатите е и Славко Симиќ, од Српската листа.

За Албуљена Хаџиу гласаа 62 пратеници, додека 16 беа против, а 13 воздржани.

Поради несогласувања околу начинот на гласање за потпретседателите и кандидатот на Српската листа, седницата беше прекината 30 минути.

Албуљена Хаџиу и претходно беше претседател на Собранието и е вршител на должноста претседател на Косово.

Конституирањето на новото свикување на централното Собрание започна на 7 август и продолжи денес.

Лидерот на најголемото движење Самоопределување, Албин Курти, постојано бара одложување на продолжението на формирањето на нов парламент додека не се постигне договор за претседателски кандидат.

Во меѓувреме, движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз се согласија Беким Сејдиу да биде кандидат за иден претседател, но шест пратеници на Демократскиот сојуз објавија дека нема да го поддржат, со што се загрози двотретинското мнозинство потребно за избор на нов претседател.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“