Растат тензиите пред пресудата во Хаг: Огромно знаме на ОВК поставено на зградата на општина Липљан

Од:

Два дена пред изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК во Хаг, на зградата на општината Липљан беше поставено огромно знаме на таа организација.

Истовремено, во Приштина и во другите градови во Косово се интензивира кампањата за поддршка на обвинетите, поради што „Српската листа“ бара дополнителни безбедносни мерки.

Видео снимката од поставувањето на знамето на зградата на општината Липљан беше објавена од градоначалникот на тоа место, Имри Ахмети, само 48 часа пред одлуката на Специјализираните совети во Хаг.

Изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи е закажано за 16 септември.

На нив им се суди пред Специјализираните совети во Хаг под обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Поставувањето на знамето се случува во време кога се одвиваат активности насочени кон величање на ОВК и нејзините поранешни лидери.

Во саботата се одржа и собир за поддршка на обвинетите, на кој, според достапните информации, беа упатени и закани во случај пресудата да биде осудителна.

На главниот плоштад во Приштина е поставен и часовник што го одбројува времето до изрекувањето на пресудата.

Би можело да ве интересира

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он

ВИДЕО: Јустина Широка-Пуља е избрана за претседателка на Косово

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“