ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Од:

Голем број Срби од Косово рано утринава тргнаа кон Србија за да го остварат своето право на глас на предвремените парламентарни избори, бидејќи не можат да гласаат во местата во кои живеат.

Со автобуси и автомобили кон избирачките места тргнаа Срби од Лепосавиќ, Звечан, северниот дел на Косовска Митровица и Зубин Поток, но и од српските средини јужно од Ибар, меѓу кои Грачаница, Штрпце и Косовско Поморавје, пренесува телевизијата „Мост“.

На административните премини Јариње и Брњак се создадоа големи колони возила од правец на Косово, бидејќи голем број Срби уште во раните утрински часови тргнаа кон Србија за да гласаат. На премините се чека повеќе од еден час, а многумина границата ја минуваат и пеш, јави телевизијата „Мост“.

Србите за телевизијата изјавиле дека не им е тешко да поминат неколку десетици, па дури и повеќе од 100 километри за да го остварат своето право на глас. Тие истакнуваат дека е важно да се зачуваат мирот, стабилноста и економскиот напредок и порачуваат дека во овие моменти мора да бидат единствени.

Според одлуката на Републичката изборна комисија на Србија, гласачите од Косово ќе можат да гласаат во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин. За дел од нив тоа значи патување подолго од 150 километри во еден правец, пишува „Телеграф“.

Републичката изборна комисија одлучи на кој начин гласачите од Косово ќе го остварат своето право на глас на предвремените парламентарни избори, бидејќи привремените институции во Приштина не им дозволуваат да гласаат во местата во кои живеат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Првата седница на новиот српски парламент на 17 ноември

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Студентите одат на 141 мандат: дијаспората го зададе завршниот удар, во недела ќе има прегласување во неколку општини

Катерина Ѓуровски

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ не го дава Информер: ако го згаснете, нема дијалог четири години

Катерина Ѓуровски