Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин за оружје во Ѓаковица, соопшти косовската полиција.
Според полициското соопштение, започната е истрага за случај кој е квалификуван како „тешка кражба“.
Кражбата била пријавена во полиција во петокот попладне, а случајот го пријавиле двајца мажи, се наведува во полицискиот извештај.
Според нивната пријава, непознати лица однеле повеќе од 100 парчиња огнено оружје од магацинот.
Засега не е познато кој е сопственик на магацинот, ниту пак за каков вид огнено оружје станува збор.
Полицијата случајот го квалификуваше како тешка кражба и наведе дека истрагата е во тек.
