Оружјето пристигнува во Киев и покрај несогласувањата меѓу Трамп и Зеленски

Од:

Соединетите Држави планираат да побараат дополнителни средства од сојузниците во НАТО за финансирање на испораката на американско оружје за Украина, бидејќи постои недостиг од приближно две милијарди долари за претходно одобрените пакети со оружје, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Барањето би можело да биде поднесено уште овој месец, во рамките на иницијативата PURL, преку која сојузниците го финансираат набавувањето на американско оружје за Киев.

Вашингтон веќе ги известил одредени членки на Алијансата дека ќе побара дополнителни средства, иако точниот износ останува непознат. Според изворите, САД продолжиле да испорачуваат оружје за Украина дури и пред сојузниците да ги обезбедат потребните средства, што значи дека финансискиот недостиг би можел дополнително да се зголеми доколку Пентагон одобри нови пратки.

Програмата PURL служи како клучен механизам на НАТО за снабдување на Украина со американско оружје, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана и друга воена опрема.

Континуираниот прилив на опрема покажува дека, засега, длабоките политички несогласувања меѓу Вашингтон и Киев не ја загрозиле улогата на американската одбранбена индустрија во опремувањето на Украина. Трамп и извршниот директор на „Спејс-икс“ (SpaceX), Илон Маск, претходно побараа од Зеленски да поднесе оставка, додека шефот на режимот во Киев го обвини Вашингтон за забавување на функционирањето на сателитскиот интернет сервис „Старлинк“ (Starlink) и за одложување на испораката на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ (Patriot).

Украинските претставници, исто така, тврдеа дека САД повремено ја прекинувале размената на разузнавачки податоци – тврдење што Вашингтон го негираше.

Според извори на „Блумберг“, разликата помеѓу изјавите на Трамп и континуираното обезбедување воена помош предизвикува збунетост кај сојузниците и ги отежнува напорите за обезбедување средства за нови пратки – особено во време кога во Европа расте „заморот од Украина“ во однос на финансирањето на конфликтот, кој сега навлезе во својата петта година.

Минатиот месец, САД дури се заканија дека ќе ги прекинат испораките во рамките на програмата PURL како одговор на украинските напади врз руската енергетска инфраструктура, иако заканата не беше спроведена. Во меѓувреме, Стејт департментот одобри посебна продажба на ракети „Патриот“ за Украина во вредност од 2,1 милијарда долари, што ќе биде финансирана од Канада, Германија, Норвешка и Европската Унија.

За разлика од пратките реализирани преку програмата PURL, исполнувањето на договорите за ваков вид продажба на оружје може да потрае со години.

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин стана попопустлив во однос на Украина

Азаров: Трамп има овластувања да се пресмета со Зеленски

(ВИДЕО) Дијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба е решена да се одбрани од секој обид за агресија

Горан Наумовски

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори