ВИДЕО: Хашим Тачи е осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Од:

Хашим Тачи (58) е осуден на 25 години затвор за злосторства извршени за време на војната на Косово, меѓу кои убиства, тортура и незаконско затворање, беше соопштено при изрекувањето на пресудата во Хаг.

Тачи, кој во текот на конфликтот беше еден од врвните команданти на етнички албанската Ослободителна војска на Косово (ОВК), беше прогласен за виновен за злосторства извршени од припадници на ОВК за време на вооружениот конфликт и отцепувањето на Косово од Србија во 1990-тите.

Според судот, Тачи е прогласен за одговорен и за убиството на 96 политички противници и лица за кои се сметало дека соработувале со српските безбедносни сили, а кои, според пресудата, ги извршиле припадници на ОВК.

Тачи ги негираше сите обвиненија.

Претседавачот на судскиот совет на Специјализираните совети на Косово во Хаг денеска соопшти дека обвинителството надвор од разумно сомневање докажало дека поранешните лидери на т.н. ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, извршиле воени злосторства врз најмалку 385 лица.

Тој наведе дека обвинителството не успеало да докаже дека четворицата обвинети извршиле злосторства против човештвото.

Осудени се и останатите тројца лидери на ОВК.

Јакуп Красниќи е осуден на 25 години затвор. Красниќи е прогласен за виновен за незаконско апсење и лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство, како воени злосторства. Кадри Весели е осуден на 18 години затвор, а Реџеп Селими е осуден на 13 години затвор.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

ВИДЕО: Протестен марш во Скопје за поддршка на Хашим Тачи и другите осудени водачи на ОВК

Катерина Ѓуровски

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива