Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Од:

Репрезентацијата на Србија во баскет 3х3 се повлече од Медитеранските игри во Таранто, откако во сабота требаше да го одигра натпреварот против селекцијата на Косово.

Србија со ждрепка беше сместена во групата Ц заедно со селекциите на Косово, Турција и Португалија. Меѓутоа, на денот кога беше закажан натпреварот меѓу Србија и Косово, српскиот тим веќе не беше во групата и се повлече од понатамошното учество на турнирот.

Кошаркарскиот сојуз на Србија засега не се огласи официјално за причините за повлекувањето, додека Косовскиот кошаркарски сојуз потврди дека српската репрезентација се повлекла.

Ова не е првпат на овогодинешните Медитерански игри спортисти од Србија и Косово да се сретнат во директни натпревари.

На 22 август во теквондо беа одржани два такви дуели. Жарко Крајишник во категоријата до 68 килограми го совлада Елион Агуши со 2:0, додека Јана Лукиќ во категоријата до 57 килограми беше подобра од Рона Гаши, исто така со 2:0.

Внимание привлече и боксерскиот дуел во финалето на категоријата до 60 килограми. Донјета Садику ја победи Кристина Кулахова со одлука на судиите 4:0 и му ја донесе на Косово првата медалја на Медитеранските игри. Кулахова, Русинка која настапува за Србија, не се појави на церемонијата за доделување на медалите.

Директна пресметка меѓу српски и косовски претставник имаше и во џудо. Михајло Симин во четвртфиналето во категоријата до 81 килограм, по продолжение, го совлада Даран Цена.

Следен требаше да биде дуелот во баскет 3х3, но Србија пред натпреварот одлучи да го прекине настапот на турнирот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Венко Филипче е инсталација на БИА, како што се неговите луѓе фатени како соработници и шпиони?

Сараево бара Хаг да реагира за погребот на Младиќ: Може ли некој да ја спречи Србија?

Предраг Петровиќ

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Уапсен Македонец во Србија, со мито сакал да се спаси од сообраќаен прекршок

Катерина Ѓуровски

Михаилов: Силен пожар од Србија се приближува кон Македонија

А1он

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон