Државна поддршка за граѓанските организации за нови работни места и развој на социјални услуги

Од:

Граѓанските организации од крајот на неделава ќе можат да аплицираат за средства за отворање 50 нови работни места.

Граѓанските организации ќе можат да добијат 92 илјади денари за опрема и материјали со кои ќе се овозможи вработување лица над 29 години и околу 150 илјади денари за вработување млади до 29 години. За мерката, државата преку буџетот обезбедува шест милиони денари.

Целта на мерката, која е пилот проект, покрај отворањето нови работни места е да се овозможи поддршка и развој на граѓанскиот сектор, кој пак може да понуди социјални услуги преку социјално претприемништво кои се потребни на државно и локално ниво.

Организациите, меѓу другото, треба да биле економски активни во 2016 година, да имаат најмалку еден вработен, да не го намалиле бројот на невработени шест месеци пред поднесување барањето.

– Оваа мерка може да звучи чудно затоа што првпат се зборува за инвестирање од страна на Владата за отворање работни места во граѓанскиот сектор. Важно е да го поврземе тоа со социјалниот систем затоа што ни се потребни социјални услуги на централно и на локално ниво и развој на социјалното претприемништво. Токму тука граѓанските организации имаат големо поле за развој на социјални услуги, но и се блиски до граѓаните, рече министерлката за труд и социјална политика Мила Царовска на промоцијата на мерката.

Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Лујза Витон смета дека со мерката се исполнуваат два приоритета на оваа организација – од една страна се отвораат нови работни места, а од друга страна се зајакнува граѓанскиот сектор, бидејќи како што рече, често пати тој не може да го зголеми својот персонал или пак да има персонал со полно работно време.

Очекува граѓанските организации да укажат што им е потребно со цел да може оваа мерка да биде проширена и да се применува и во 2018 година.

Директорката на АВРМ Билјана Јовановска информира дека јавниот повик ќе биде отворен најдоцна до сабота. Ќе се примаат сите апликации и преку нив ќе се процени дали има потреба од некакви корекции во мерката за во 2018 таа да биде редовна активност со поголем опфат.

Невработените лица кои ќе се ангажираат во граѓанските организации со помош на оваа мерка, ќе бидат од евиденцијата на невработени на Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Шахпаска: До ноември реализирани 85% од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување

А1он

Владата усвои стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%

А1он

Најмногу огласи за работни места има за хигиеничари, програмери, келнери, обезбедувачи, ѕидарски работници

Кристијан Ландов

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски