Бугарското МВР нема податоци дека Палевски е кај нив: За него нема ниту меѓународна потерница

Од:

Бугарското МВР нема податоци дека Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски се наоѓа на територијата на Бугарија.

Од таму преку соопштение велат дека во моментов за него нема ниту меѓународна потерница.

„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти бугарското МВР.

Информацијата дека Палевски се наоѓа во Бугарија утрово на прес конференција ја кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој знаедно со шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски повеќе од еден час ги образложуваа сите досегашни информации за двојното убиство.

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски