Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

Од:

Починатата Борјанка Николова ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот. Сакал веднаш да пријави во полиција, но немал кредит на телефонот. Вака денеска сведочеше 74 – годишниот Денис Асанов од Штип, кој е обвинет за убиството на 79 – годишната Николова.

Според него истата вечер двајца млади луѓе му ставиле вреќа на глава и го врзале за дрво, а потоа почнале да копаат дупка во неговиот двор. Асанов го спомна и неговиот очув кој како што рече им се придружил на двете лица и му се заканил да молчи, во спротивно ќе го запалат.

Асанов од судијката Јулијана Недкова побара да му изрече ослободителна пресуда, бидејќи како што рече „никогаш во животот ни кокошка не заклал, а камоли човек”.

Починатата Борјанка ја познавал само три месеци и често спиела кај него. Асанов денеска пред судницата во Основниот суд во Штип го смени првичниот исказ даден пред истражните органи.

Вештакот од Судска медицина посочи дека од обдукцијата на дел од трупот жртвата имала скршени осум ребра, а повредите на градниот кош укажуваат на силен притисок, најверојатно нанесен со колено. Нејзиното тело е пронајдено најмалку две недели по смртта, а недостасувале главата и нозете, кои биле отстранети по настапувањето на смртта.

Идентитетот на жртвата бил потврден преку ДНК анализа.

Судскиот процес во Основниот суд во Штип продолжува на 21 април во 10.30 со завршни зборови на одбраната и обвинителот од Основното јавно обвинителство-Штип.

Би можело да ве интересира

30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Горан Наумовски

Обвинителството располага со цврсти докази за сопружниците за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, мотивот ќе се истражува дополнително

Сопружници од Скопје го убиле лекарот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено пред повеќе од две години

30-годишен скопјанец со нож во двор од семејна куќа си го уби својот татко

Горан Наумовски

Го избодел татко му повеќе од 30 пати, Обвинителстовто бара пратвор за убецот од Чаир

Катерина Ѓуровски

Син уби татко во Скопје

А1он