Уапсен е 48 годишник во Лондон, уби 16 годишно девојче

Од:

Маж, уапсен под сомнение за убиство на 16-годишно девојче во источен Лондон, претходно бил пуштен на слобода со кауција поради извршување на семејно насилство, пренесува „Скај њуз“ (Sky News).

Полицијата интервенираше на локација во „Гросвенор гарденс“ (Grosvenor Gardens), во лондонската општина Њухам, каде што екипите на итната помош по пристигнувањето можеа само да констатираат смрт кај тинејџерката.

Под сомнение за убиство, вчеравечер на аеродромот „Станстед“ беше уапсен 48-годишен маж, кој моментално се наоѓа во притвор.

Од Метрополитен полицијата (Metropolitan Police) соопштија дека веруваат оти осомничениот ја познавал жртвата и нагласија дека нема индиции за поширока опасност по јавноста. Идентитетите на убиецот и на жртвата сè уште не се објавени.

Во моментот на нападот, осомничениот бил на слобода со кауција, додека траела истрага против него за друг случај. Тој бил уапсен на 16 ноември по пријава за семејно насилство, но тој претходен инцидент немал поврзаност со убиството на 16-годишното девојче.

За случајот е известен и Одделот за професионални стандарди при Метрополитен полицијата, кој сега ги анализира сите околности.

Изјавата ја даде главниот детектив-надзорник Џо Лојд, која раководи со полициските операции во североисточен Лондон.

„Нашите мисли се со семејството и пријателите на младото девојче, кои минуваат низ незамислива загуба. Смртта на дете е страшна трагедија, а специјализирани службеници ѝ пружаат поддршка на нејзиното семејство“, изјави таа.

„Разбирам дека овој настан ќе предизвика шок и загриженост во локалната заедница. Сакам да им порачам на жителите дека нашите искусни детективи интензивно работат на утврдување на сите околности, со цел да му дадат одговори на семејството на девојчето. Во оваа фаза од истрагата, ништо не укажува на поширока опасност за граѓаните“, додаде Лојд.

Мехмуд Мирза, советник во општина Њухам, изјави дека убиената тинејџерка била „обична девојка“ од бенгалско семејство, која се подготвувала за матура.

„Ова е шокантна вест за заедницата, бидејќи станува збор за мирно и пријатно соседство каде што повеќето луѓе се познаваат меѓусебно“, нагласи Мирза.

Во текот на попладнето, форензичари извршија увид на местото на злосторството, а полициски службеници во цивилна облека разговараа со соседите. Подоцна вечерта, околу 19 часот, стотина луѓе се собраа пред семејниот дом за да оддадат почит. Граѓаните палеа свеќи пред влезот, кој беше обезбедуван од полицаец, додека просторот сè уште беше ограден со полициска лента.

Градоначалникот на Њухам, Форхад Хусеин, изјави дека е длабоко потресен од трагедијата.

„Моите мисли и искрено сочувство се со нејзиното семејство, пријателите и сите што ја сакаа. Свесен сум и за влијанието што оваа трагедија ќе го има врз нејзиното училиште и врз сите жители на нашето соседство.

„Ниту едно семејство не би требало да доживее губење на дете, а Њухам тагува по еден згаснат млад живот“, рече Хусеин.

Полицијата апелира до граѓаните кои имаат какви било информации за инцидентот, или пак поседуваат снимки од безбедносни камери или мобилни телефони од таа област, а сè уште не разговарале со истражителите, да се јават кај надлежните.

Би можело да ве интересира

Има 105 години – тајната на долговечност е во попладневната дремка, а за неа изум на векот е ластикот

А1он

Обвинителството бара притвор за гостиварецот што крвнички ја претепа сопругата, осомничен е за убиство

Горан Наумовски

Македонецот што пукаше во Марко Кан наредбата ја добил преку „Сигнал“, пиштолот го фрлил во морето

Горан Наумовски

Предложен притвор за осомничениот за убиството кај Смилковското Езеро

Предраг Петровиќ

Расчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсениот го призна

Катерина Ѓуровски

Полицијата уапси осомничен за убиството кај Смилковско Езеро

Горан Наумовски