(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели видео на својата мрежа Truth Social на кое се гледа како маж убива жена со чекан.

Ролберт Јоаким (40) е обвинет за убиство од втор степен и оштетување на имот откако беше снимен како напаѓа жена сред бел ден пред бензинска пумпа во Форт Мајерс, Флорида. Трамп ја обвини администрацијата на Џо Бајден за случајот бидејќи осомничениот бил пуштен во земјата во 2022 година.

„Криминалец, нелегален имигрант од Хаити, на кого му било дозволено да влезе во нашата земја од најлошиот претседател во историјата, корумпираниот Џо Бајден и радикалните демократи во Конгресот, штотуку претепал невина жена до смрт со чекан на бензинска пумпа во Флорида“, напиша Трамп.

„Снимката од ова брутално убиство е едно од најбруталните нешта што некогаш ќе ги видите. Ова едно убиство треба да биде доволно за да ги спречи овие радикални судии да ја блокираат имиграциската политика на мојата администрација и да ни овозможи да ја прекинеме оваа измама еднаш засекогаш“, додаде тој.

Според Министерството за внатрешна безбедност на САД, Јоаким влегол во САД во август 2022 година.

Подоцна федерален судија издал наредба за депортација, но му бил доделен привремен заштитен статус, програма што Трамп ја опишува како „масовно злоупотребена и измамничка“. Тој, исто така, ги обвини „радикално либералните федерални судии“ дека ги блокирале напорите на неговата администрација да ја прекине програмата.

Осомничениот останал во САД откако му истекол статусот во 2024 година. Трамп дополнително ги обвини демократите дека ги претвориле САД во „депонија“, истакнувајќи дека земјата е преплавена со десетици милиони непроверени и „ментално нестабилни“ луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он