Турски „Лимак“ го отвори хотелот со пет ѕвезди во центарот на Скопје

Од:

Во центарот на Скопје под слоганот „Круната на Скопје“ почна со работа хотелот со пет ѕвездички Лимак Скопје Хотел. Хотелот е дел од големата мултифункционална градежна инвестиција на турската компанија Лимак Холдинг, во кој компанијата вели дека вложила 250 милиони евра.

-Сите во Лимак Холдинг сме горди што и во сложените услови што ги наметна корона-кризата го отвораме овој прекрасен хотел за гостите на Скопје, но истовремено и на тоа што на главниот град, на неговите жители и на туристичката понуда им нудиме ексклузивни вредности, со кои, веруваме, може да се гордеат, изјави Ѓокан Рамазаноглу, генерален директор на хотелот.

Лимак Скопје Хотел има капацитет од 285 легла во вкупно 142 соби, од кои 21 апартмани, вклучително и претседателски од 163 квадратни метри. Четири од апартманите се специјално дизајнирани и изработени за непречен престој на лица со посебни потреби. Хотелот поседува и вкупно 11 сали за состаноци и настани со модуларен капацитет и со врвни технолошки карактеристики. Покрај ресторанот со атрактивна отворена кујна, на петтиот кат на хотелот е поместен и ексклузивен Sky bar и тераса.

Би можело да ве интересира

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Труење со хлор во базен во хотел во Охрид: Седуммина од кои две деца се во болница

Топ 10 највредни хотелски брендови во светот

Предраг Петровиќ

Двајца крадци украле сеф со пари од хотел во Градскиот парк во Скопје

Макотен: Нема потреба од сензација, купопродажбата на посебниот дел од Мериот е спроведена 100% законски!

Горан Наумовски

Хотелот во Грција им се извини на македонските гости кои добија известување дека треба предвреме да го напуштат

A1on