Хотелот во Грција им се извини на македонските гости кои добија известување дека треба предвреме да го напуштат

Од:

Хотелот „Олеа Гарден“ во Геракини, Грција пратил допис со извинување до гостите од Македонија кои престојуваат со аранжман преку агенцијата „ЈК Травел“.

dobivaj vesti na viber

Во дописот менаџментот на хотелот тврди дека одморот на ниту еден гостин не бил прекинат на ниту една минута без да се образложи зошто гостите на рецепцијата прочитаа информација дека треба да го напуштат хотелот следното утро и за подетални информации да се обратат во својата агенција во Македонија.

„Почитуван партнер ЈК Травел! Се извинуваме за било какво недоразбирање направено во комуникација со Вашите гости и рецепцијата. Ви гарантираме дека одморот на ниту еден Ваш гостин не беше прекинат во хотелот Олеа Гарден на ниту една минута. За истото може да Ве известат и самите гости во било кое време. Искрено се надеваме на добра идна соработка“, стои во дописот од хотелот.

Од агенцијата „ЈК Травел“ велат дека тие воопшто не се поврзани со недоразбирањето што се случило во хотелот, а за кое самите туристи побараа да се објави во медиумите.

„Ве информираме дека гостите кој се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаат резервирано и уплатено. Најодговорно тврдиме дека ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор“, соопштија од „ЈК Травел“.

Информацијата дека хотелот им го прекинал одморот на 12 семејства поради нерасчистени сметки со агенцијата дојде од гостите кои на социјалните мрежи сами објавија дека се исфрлени од хотелот.

Семејствата го уплатиле целиот престој однапред, а на четвртиот ден од одморот на рецепција ги дочекало известување дека во четврток треба да го напуштат хотелот и да си побараат објаснување од нивната агенција во Македонија која ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.

„А1он“ синоќа стапи во контакт со еден од туристите кои во моментов престојуваат во хотелот.

– Добивме известување утре да го напуштиме хотелот, а имаме платено до недела. Уште првиот ден имавме проблеми, некои од семејствата немаа сместување и сите беа оставени ноќта да се снаоѓаат на улица затоа што агенцијата „ЈК Травел“ нерегуларно работи. Тука сме 12 семејства, односно околу 50-тина луѓе, меѓу нив и дваесетина деца – истакна Аце Стојковски, еден од туристите кои ги користат услугите на агенцијата.

Тој рече дека некако стапиле во контакт со агенцијата, но оттаму се однесувале како да е се нормално и не знаеле што е проблемот затоа што наводно имале испратено уредна листа со гости во хотелот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем шумски пожар на грчкиот остров Тасос

Ана Ололовска

Намалена невработеноста во Грција

А1он

Стајкурас: Грција по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната

Промени во начинот на работење на Националната служба за разузнавање на Грција

А1он

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Родос, спасени 29 лица

Катерина Павлова-Николовска

Иконому: Грчката Влада не користи софтвери за следење

А1он