Средба Азески-Комшиќ: Подобрување на односите на економски план

Од:

Подобрување на инфраструктурните капацитети, воведување на авионска линија, подобрување на комуникативните можности, иницијатива за формирање на Министерство за регионален развој беа главни теми на денешната средба на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ.

Азески посочи дека ги поделиле улогите со БиХ, така што Босна ќе го води процесот на сите земји на дигитализација, а нашата држава ќе го води процесот на воведување на системот на дуално образование во земјите на Западен Балкан.

– Почнуваме една сериозна акција, што стартува идната недела кога ќе се одржи првиот самит за дигитализација во земјите на Западен Балкан, па ќе продолжи во април со Сараево бизнис форумот, една од најпрестижните економски манифестации, информира Азески.

На средбата се разговараше и за формирање заеднички институции што се потребни за засилување на размената во делот на Западен Балкан. Со БиХ, како што наведе Азески, имаме размена 160 милиони долари, а на ниво на Западен Балкан околу милијарда и петстотини милиони. Смета дека треба амбициозно да се постават во наредните пет години, со помош на Коморскиот инвестициски форум да ги дуплираат тие бројки.

– Го замоливме г-динот Комшиќ, да лобира во интерес на бизнисот и на Коморскиот инвестициски форум и на сите настани каде ќе присуствува во име на БиХ, да ги поддржи овие идеи на бизнис заради тоа што мислиме дека тоа е вистинскиот начин да се подобри економската позиција на регионот, а на тој начин побрзо да влеземе во ЕУ, рече Азески.

Членот на претседателството на БиХ, Комшиќ рече дека ја искористиле можноста да зборуваат за теми кои ги засегаат обичните луѓе и како да се подобрат работите. Посочи дека на средбата со Азески зборувале за унапредување на опкружувањето во нашата и нивната земја, за луѓето кои се во бизнисот, кои се занимаваат со конкретни работи да ја почувствуваат предноста на тоа што тие го работат.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна