Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претставници на компаниите членки на комората.На средбата се разговараше за ефектите од досегашните мерки за приватнот сектор и економијата, предлозите на Комората, како и за идните мерки од програмата на СДСМ.

Претседателот Ковачевски, пред почетокот на средбата во изјава за медиуми, посочи дека средбите со бизнис секторот се секогаш добредојдени, особено во период на предизборие,за да се слушне гласот на бизнис заедницата, нивните ставови и предлози за креирање на идните политики за развој на економијата,

„Владата што јас предводводев, владата предводена од СДСМ, воспостави партнерски однос помеѓу стопанството и државата. И секогаш кога се носеа одредени мерки, особено во време на ковид кризата и енергетската криза, беше консултиран бизнис секторот. Само на овој начин ќе имаме ефикасни мерки и политики кои ќе ја движат економијата напред”, истакна Ковачевски.
При тоа, Ковачевски нагласи дека економијата беше високо на листата приоритети додека бил претседател на Владата, бидејќи не можеме да се зборува за напредна и развиена држава, ако нема силна и развиена економија, здрав приватен бизнис сектор кој ќе ја движи економијата и ќе генерира нови работни места.

„Во мандатот на Владата предводена од СДСМ вложени се 100 милиони евра со кои се поддржани 919 компании. Со оваа поддршка компаниите реализираа 500 милиони евра инвестиции. До 2017 година, имаше нула поддршка за домашните компании, единствена поддршка добиваа странските компании кои инвестираа во државата. А денес, само преку инвестициските циклуси на компаниите се отворија над 5.000 домицилни работни места, со достоинствени плати за нашите сограѓани. Тоа се компании кои растеа со оваа државна помош и кои денес претставуваат дел од извозниот потенцијал на нашата држава“, рече Ковачевски.

Северна Македонија денес е земја членка на НАТО и земја со отпочати преговори со ЕУ, стабилна, просперитетна и безбедна земја и поради тоа денес е земја која инвеститорите ја преферираат и сакаат да инвестираат. Во однос на досегашните мерки, Ковачевски потенцираше дека со правилните политики на Владата предводена од СДСМ, и во време на криза се оддржа ликвидноста на компаниите, се задржаа работните места, се заштитите стандардот на граѓаните, се зголемијаплатите и пензиите, се намали невработеноста.

„Низ целиот овој процес, коморите, приватниот сектор беа вистински партнери на Владата и тоа треба и ќе продолжи и понатаму во следниот мандат. Преку таа соработка дадена е сериозна поддршка на приватниот сектор кој беше опфатен во секој пакет антикризни мерки. Во последниот деветти пакет во вредност 662 милиони евра од кои 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ. Вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризните пакети се вратија назад кај граѓаните и стопанството“, рече Ковачевски, додавајќи дека и во време на криза, имаше континуиран пораст на платите.

„Почнавме со 18.000 денари, а со последното усогласување минималната плата е 22.500 денари. За само кратки 6 години од 150 евра минимална плата, стигнавме до речиси 370 евра минимална плата. Поставивме таргет за 500 вера просечна плата, денеска е 650 евра или 290 евра повеќе од времето пред 2017 година. Тоа е подобар животен стандард за граѓаните, но и пари назад во економијата“, рече Ковачевски.

Во однос на идните чекори за поддршка на приватниот сектор и економијата, Ковачевски потенцираше дека можностите за развој на компаниите ќе се зголемат уште повеќе со членството на Северна Македонија во ЕУ, а дополнителен позитивен импулс на економскиот раст ќе даде „Планот за раст во Западен Балкан“ на Европската Унија, кој меѓудругот значи пристап до единствениот европски пазар од половина милијарда луѓе со што за нашите компании ќе се отворат огромни можности. При тоа, Ковачевски порача дека европскиот пат носи и подобар живот и животен стандард за граѓаните, подобра работа за компаниите, дополнителни фондови за развој на нашата економија во сите сегменти.
Ковачевски потенцираше дека еден од клучните приоритети во новата програма на СДСМ се мерки за развој на економијата. Во наредниот 4 годишен период во новата програма на СДСМ предвидени се 180 милиони евра за директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. 3,5 милијарди евра во капитални инвестиции, 2,7 милијарди евра се планирани за инфраструктурни проекти во патната инфраструктура, 750 милиони евра за поддршка на земјоделците.Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари. Голем дел од мерките се од делот на даночни политики каде е планирано одржување на стабилна даночна политика, но и воведување политики кои ќе им помогнат на компаниите да пораснат и да се развијат.

„За нашите ветувања, можам со сигурност да кажам дека се можеби амбциозни, но верувајте реални и остварливи цели, затоа што СДСМ е посветена на европските интеграции, ние докажавме дека сме партија без која не можат да се случат евро-атлански интеграции на државата. Сѐ е возможно ако се креираат правилни мерки во интерес на стопанството и граѓаните и ако правилно се насочуваат државните буџетски средства. Ние нема да се откажеме од подобра, европска иднина за земјата која што ќе обезбедиме заедно и со граѓаните и со политичките партнери во нашата коалиција и секако со бизнис заедницата, стопанските комори”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината