Земјотреси во Хрватска и во Босна

Од:

Умерен земјотрес е регистриран утрово во 6 часот и 31 минути во Хрватска со епицентар во близина на островот Чиово, три километри јужно од Трогир, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Земјотресот бил со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил IV степен ЕМС, соопшти Сеизмолошката служба.

На североистокот на Босна и Херцеговина утрово во 06:32 е регистриран земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 15 километри од Сански Мост и 56 километри од Бања Лука, покажуваат податоците на Европскиот сеизмолошки центар. (EMSC).

Земјотресот е почувствуван и во Хрватска, поточно во областа на Сплит, каде има бројни сведоштва на граѓани кои велат дека земјотресот траел неколку секунди, пренесува klix.ba.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски