Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Од:

Условите за пребарување на теренот во Долна Јабланица денеска се нешто подобри, дождот престана да паѓа, па спасувачите со полн капацитет ја продолжуваат потрагата по настраданите од страшната поплава и одрон на ова место.

Според Сабахудин Спаховиќ од Сојузната управа за цивилна заштита (FUCZ), покрај припадниците на FUCZ, на терен се и спасувачи со кучиња и членови на тимот ХУСАР од Хрватска. Ова е првиот тим што беше ангажиран во Јабланица преку меѓународниот координативен механизам за цивилна заштита и Министерството за безбедност на БиХ.

Има многу работи кои спасувачите ќе ги паметат засекогаш кога станува збор за Долна Јабланица, но акцијата за спасување на дете веднаш по катастрофата е особено врежана во сеќавањето на Сабахудин.

“Она што ќе ми остане во сеќавање до крајот на животот, нешто што никогаш нема да можам да го извадам од мојата глава, секако е пронаоѓањето на мало дете. Живо, под плоча која мора да тежела два тона. Заедно со мештаните и сите што беа присутни, успеавме да го извлечеме детето живо и да го пренесеме во првата медицинска установа. Утрово добив информација дека детето е здраво и дека му е обезбедено се што му треба“, рече Спаховиќ.

И покрај тоа што им се заблагодарува на сите што помагаат, Спаховиќ апелира дека на спасувачите во моментов не им е потребна помош во работна сила, туку во механизација.

„Не ни треба помош во луѓе, потребна ни е помош во камиони, багери, се друго што ќе ни биде од корист на терен за да почнеме да ги отстрануваме тешките последици од оваа катастрофа. Во моментот кога ќе дојдеме во ситуација да започнете со расчистување на објектите и се друго што имаме овде, потоа преку медиумите и социјалните мрежи ќе апелираме да ни помогнат со работна сила. Дотогаш ги молам сите за трпение, особено да не одат на пат самоиницијативно , бидејќи така ни создаваат проблеми и нам и на полицијата и на сите други“, вели Сабахудин Спаховиќ, член на ФУЦЗ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Судот во Валенсија е привремена мртовечница, бројот на жртви блиску до 100

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 64 жртви во најсмртоносната поплава во Шпанија во последните три децении